Линкови за пристапност

Сушата – штета за денешниот род, опомена за иднината


Сушата – штета за денешниот род, опомена за иднината
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:14 0:00
Direct link

Сушата – штета за денешниот род, опомена за иднината

Врската меѓу глобалното загревање и големите невремиња, како сушата во Тексас, на пример, е предмет на најновото истражување чиј коавтор е Питер Скот од канцеларијата Мет на Центарот Хадли, климатски институт што ја советува британската влада.

„Најдовме јасни докази за влијанието на човекот врз топлотниот бран во Tексас, како и големите температури тука, во Велика Британија во 2011-та“ вели Хадли во интервјуто за Гласот на Америка преку Скајп.

Според истражувањето, поради индустриското загадување на воздухот, веројатноста за ланската суша во Тексас била 20 пати поголема отколку во 1960-те. Веројатноста за горештините минатиот ноември во Британија - за 62 пати поголеми, исто поради факторите предизвикани од човекот.

Сушата и годинава ги погоди САД, предизвикувајќи шумски пожари и десеткувајќи го родот. Американските научници предвидуваат ситуацијата најпрвин да се влоши, пред да се подобри.

За Скот, наодите на истражувањето укажуваат на итната потреба да се намали испуштањето на јаглерод диоксид во атмосферата.

„Се надевам дека луѓето ќе ги согледаат импликациите од климатските промени и ќе повлечат паралела со она што веќе започна да ни се случува“, апелира Скот во интервјуто за Гласот на Америка.
XS
SM
MD
LG