Линкови за пристапност

Директорот на Џеј Пи Морган ќе одговара пред инвеститорите


Претседателот на инвестиционата компанија со седиште во САД, Џеј Пи Морган Чејс, се очекува да биде соочен со остри прашања од инвеститорите во вторник, во врска со двете милијарди загуба во тргувањето на компанијата.

Џејми Дајмон ќе се појави на годишната средба на компанијата во јужниот американски град во Флорида, Тампа, само неколку дена откако ја објави огромната загуба. Акциите на Џеј Пи Морган паднаа над десет проценти откако Дајмон ја објави веста минатиот четврток.

По соопштението, фирмата во понеделникот соопшти дека главниот шеф за инвестиции Ина Дру заминува во пензија по 30 години во Џеј Пи Морган. Лондонската дивизија на Дру била одговорна за трговскиот план што довел до загубата. Се зборува и за други официјални лица на фирмата дека даваат оставки.

Дајмон, кој рече дека трансакциите биле „слабо ревидирани, слабо изведени и слабо следени“ силно се спротистави на нови американски закони со цел да се воспостави посилна контрола на комплексни финансиски трансакции кои инволвираат милиони долари.

Но, за време на појавување на популарната емисија „Поглед“ на ТВ-мрежата ЕјБиСи, американскиот претседател Барак Обама кажа дека дебаклот на Џеј Пи Морган покажува дека е потребна силна регулатива што ќе го спречат финансискиот сектор на државата да ги направи истите грешки што доведоа до глобалната економска криза во 2008.

XS
SM
MD
LG