Американскиот астронаут и сенатор Џон Глен, кој почина во декември минатата година на 95-годишна возраст, ќе биде погребан денеска на Националните гробишта во Арлингтон.
Претседателот Доналд Трамп нареди сите знамиња на јавните американски згради во земјата и во странство, да се спуштат на половина копје.
Глен одигра историска улога во присуството на САД во вселената. Во февруари 1962-та година, стана првиот американски астронаут кој со леталото „Френдшип 7“, ја облетал земјината топка, со што му се придружи на советскиот космонаут Јуриј Гагарин кој тоа го сторил една година претходно. Потоа, на 77-годишна возраст, Глен беше во уште една мисија, со што стана најстариот астронаут со таква активност.
Тој беше демократ и сенатор од сојузната држава Охајо од 1974-та до 1999-та година.
Facebook Forum