Линкови за пристапност

Стив Џобс заминува на ново боледување


Стив Џобс заминува на ново боледување
Стив Џобс заминува на ново боледување

Џобс имаше трансплатација на црн дроб пред помалку од две години.

Главниот директор на компјутерската компанија Епл, Стив Џобс, вели дека зема слободно време од работа за да се посвети на здравствени проблеми. Џобс имаше трансплатација на црн дроб пред помалку од две години.

Акциите на Епл нагло паднаа на европските берзи по соопштението.

Џобс е ко-основач на компанијата итесно е идентификуван со иновативните и успешни производи на Епл, како АјПод и АјФон.

Во порака до вработените, Џобс кажа дека дневните операции на компанијата ќе бидат под раководство на Тим Кук, кој и претходно раководел со фирмата во случаи на отсуство на Јобс заради боледувања.

Џобс вели дека ќе го задржи звањето на главен директор и ќе биде инволвиран во поголеми одлуки. Аналитичарите предвидуваат голем пораст на приходот благодарение на силната продажба на АјПед во првото тримесечје.

XS
SM
MD
LG