Линкови за пристапност

Престрелки и експлозии ја потресоа авганистанската мировна конференција


Серија експлозии и истрели од огнено оружје го потресоа авганистанскиот главен град, додека зборуваше авганистанскиот претседател Хамид Карзаи на почетокот на голема мировна конференција

Серија експлозии и истрели од огнено оружје го потресоа авганистанскиот главен град, додека зборуваше авганистанскиот претседател Хамид Карзаи на почетокот на голема мировна конференција.

Звуци на ракети што експлодираат одекнуваа низ Кабул во среда, во време кога 1.600 делегати од целата земја се собраа за отворањето на тридневната средба.

Талебански претставници ја презедоа одговорноста за нападот, велејќи дека испратиле четворица, тешко вооружени самоубиствени бомбаши да ја пореметат традиционалната средба, или џирга. Еден официјален претставник за Асошиејтед прес изјави дека целта била да се „саботира и уништи“ средбата.

Полицијата и сведоците кажаа дека најмалку две ракети паднале недалеку од шаторот каде се одржувала средбата. Првата експлозија се слушнала кога претседателот Карзаи се обратил на на делегатите и ги поттикнал да го игнорираат нападот.

Авганистански претставници кажаа дека безбедносните сили застрелале најмалку двајца самоубиствени бомбаши кои се обидувале да се инфилтрираат на средбата преправени во жени. Тие велат дека е уапсен и друг осомничен милитант.

Претставник на полицијата вели дека нема повредени цивили.

XS
SM
MD
LG