Гувернерот на Охајо, Џон Кесич го именуваше најголемиот парк и место за диви животни во државата по големата американска олимписка ѕвезда Џеси Овенс.
Овенс беше светски рекордер во спринт на Државниот универзитет во Охајо и освои четири златни медали на Олимписките игри во 1936-та во Берлин. Почина 1980-та, на возраст од 66 години.
Државата купила земјиште од американското „Електростопанство“ за да го создаде државниот парк „Џеси Овенс“ во источниот дел на Охајо.
Охајо планира да купи 5.260 хектари за паркот. Една од двете ќерки на Овенс, изјави дека тој ќе бил горд доколку знаел дека е достоен за такво признание.
Државата купила земјиште од американското „Електростопанство“ за паркот „Џеси Овенс“
Facebook Forum