Линкови за пристапност

Притисоците врз медиумите продолжија и во 2018


Еритреја е земја со највисок број на затворени новинари во Субсахарска Африка. Во моментов 16 новинари се зад решетки

Повеќекратниот притисок врз медиумите продолжи и во текот на 2018 година, заклучи Комитетот за заштита на новинарите во извештајот кој го објави денеска. (https://cpj.org/reports/2018/12/journalists-jailed-imprisoned-turkey-china-egypt-saudi-arabia.php)

Затворањето и заплашувањето на новинарите, како и тврдењата дека тие продуцираат „лажни вести“ се зголемија во 2016 година, кога американскиот претседател Доналд Трамп победи на изборите, соопшти Комитетот за заштита на новинарите.

Трамп е гласен критичар на медиумите, често карактеризирајќи ги новинарите како „многу нечесни луѓе“.

(www.nytimes.com/2018/07/19/business/media/trump-media-enemy-of-the-people.html )

Бројот на новинари во затвор се намалил за 8 отсто, од 272 во 2017 година на 251 оваа година. Но, тоа не значи дека ситуацијата е подобрена, изјави за Гласот на Америка Ангела Квинтал, координатор на програмата за Африка во Комитетот за заштита на новинарите.

Бројките варираат и може да не ја одразуваат ситуацијата за секој затворен новинар. Тие, исто така, остануваат значително повисоки отколку пред само половина деценија.

Уште поважно, целењето на еден новинар може да има далекусежни последици.

„Последиците, очигледно, не ги трпат само новинарите и нивните семејства и колеги, туку навистина зборуваме за ефектот врз граѓаните во целина“, рече Квинтал.

Во извештајот се нагласуваат и неколку светли точки.

Во Етиопија, која доживеа драматични реформи со новиот премиер Аби Ахмед, во моментов ниту еден новинар не е познато дека е затворен, за првпат по 14 години.

Подобрувањата во некои земји, сепак, не значи дека влијаат и на другите.

„За жал, соседна Еритреја останува земја со највисок број на затворени новинари во Субсахарска Африка. Во моментов 16 новинари се зад решетки“, рече Квинтал.

Во светски рамки, авторката на извештајот, Елана Беизер, уредник и директор во Комитетот за заштита на новинарите, како посебно проблематични ги посочи Кина, Египет и Саудиска Арабија, осврнувајќи се на опсежните напори да се замолчат новинарите.

Во Субсахарска Африка, фокусот е ставен на Камерун, каде седум новинари се во затвор. Најмалку четири од нив се обвинети за објавување на лажни вести.

Вкупно, повеќе од дваесетина новинари се обвинети за објавување лажни вести, главно во Африка.

https://twitter.com/TIME/status/1072474968078893056

Кога ќе видиш дека твоите колеги се затворени, кога ќе ги видиш обвинети за таканаречените лажни вести, кога ќе бидат уапсени под лажни обвиненија
Ангела Квинтал, Комитет за заштита на новинарите

Обвинувањата и затворите можат да ја поттикнат самоцензурата, што ќе има длабоки последици врз правото на граѓаните да бидат информирани.

„Кога ќе видиш дека твоите колеги се затворени, кога ќе ги видиш обвинети за таканаречените лажни вести, кога ќе бидат уапсени под лажни обвиненија“, вели Квинтал, „очигледно е дека тоа има застрашувачки ефект“.

Од комитетот открија и дека 13 отсто од новинарите во затвор се жени, што е за 8 отсто повеќе одошто во 2017 година.

Но, и покрај загрижувачките сигнали, има простор за оптимизам, рече Квинтал.

Кога ќе дојдат на власт нови лидери, рече таа, човековите права и слободата на печатот може брзо да се подобрат.

Квинтал ја посочи Гамбија како пример, каде што новиот претседател, Адама Бароу, создаде простор новинарите да работат без страв од одмазда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG