Линкови за пристапност

Израел започна воздушни напади врз Газа и Либан


Израелските авиони погодиле, како што рече војската, тунели и локации за производство на оружје на Хамас
Израелските авиони погодиле, како што рече војската, тунели и локации за производство на оружје на Хамас

Израел започна воздушни напади во Газа и Либан рано денес, како одмазда за ракетните напади врз Израел за кои владата ја обвинува исламистичката група Хамас.

Силни експлозии одекнаа во делови од Газа додека израелските авиони погодија, како што рече војската, тунели и локации за производство на оружје на Хамас.

Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле и постројките на Хамас во јужен Либан. Либанската телевизија соопшти дека имало експлозии во јужниот пристанишен град Тир.

Војската соопшти дека го зголемува присуството на војници долж границите на земјата со Либан и Газа „за да се подготви за сите можни сценарија“.

Во меѓувреме, израелските власти соопштија дека две жени биле убиени, а уште една тешко ранета во пукање врз нивното возило во окупираниот Западен Брег во близина на населбата Хамра. Полицијата соопшти дека трага по осомничени.

Вчера, Израел соопшти дека десетици ракетни напади биле извршени врз Израел од либанска територија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес рече дека „одговорот на Израел, вечерва и во иднина, ќе бара висока цена“.

САД, Велика Британија и Обединетите нации, иако го признаваат правото на Израел на самоодбрана, повикаа на воздржаност.

Дел од информациите во овој текст се преземени од АП, Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG