Линкови за пристапност

Израел го одбележува Денот на Холокаустот


Израел го одбележува Денот на Холокаустот
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:45 0:00

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и високи израелски функционери денеска (6 мај) присуствуваа на церемонијата на Денот на холокаустот во музејот Јад Вашем во Ерусалим. Нетанјаху и официјалните лица оддадоа почит, додека одекна сирена низ целата држава.

Луѓето застанаа во место, исто и возачите кои излегоа од своите автомобили додека луѓето ги наведнаа главите во спомен на жртвите на нацистичкиот геноцид.

Јом Хашоа, денот кога Израел го одбележува како спомен на 6-те милиони Евреи убиени од нацистичка Германија и нејзините сојузници во Холокаустот, е еден од важен датум во календарот на државата.


Одбележувањето беше првиот ден за сеќавање на холокаустот на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври што ја поттикна војната во Газа, надополнувајќи го и онака мрачниот ден со дополнително значење.

Нетанјаху во неделата (5 мај) го отфрли меѓународниот притисок да се запре војната во Газа во жесток говор по повод годишниот Денот на Холокаустот во државата. Тој вети дека „ако Израел биде принуден да стои сам, Израел ќе застане сам“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG