Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за нов претседателски мандат, Доналд Трамп, се обрати на симпатизерите на изборниот собир во сојузната држава Флорида и себе си се прогласи за победник.
„Ова е величествена победа за американскиот народ што ќе ни овозможи повторно да ја направиме Америка силна“, рече Трамп во обраќањето пред приврзаниците.
Обраќањето се случи на состојба со електорски гласови 267 во корист на Трамп, наспрема 214 освоени електорски гласови за демократската кандидатка Камала Харис.
Официјален претставник, пак, на кампањата на Харис им кажа на толпата нејзини поддржувачи во Вашингтон дека таа нема да се обрати на собирот во текот на изборната ноќ, туку ќе зборува подоцна денеска.
Во американскиот изборен систем каде претседателските избори се во основа натпревар што се води од држава до држава. Така, и Харис и Трамп, брзо беа прогласени за победници во државите каде нивните партии уживаат јасна поддршка од мнозинството.
Нацијата сепак се фокусираше на околу седум т.н. држави од кои се очекуваше да го свртат билансот во насока на победникот.
Неколку од тие сојузни држави останаа без изјаснети гласови рано утрово, а меѓу нив се Мичиген, Висконсин, Невада, Аризона и Пенсилванија. Трамп ги освои Џорџија и Северна Каролина, кои исто така се сметаа за неизвесни сојузни држави.
Изборниот систем од држава до држава вклучува различни правила за тоа како и кога се пребројуваат гласовите, што ја зголемува сложеноста на начинот на известување на резултатите.
Броењето во Пенсилванија може да потрае дури една недела, но, тоа може или не може да биде одлучувачка државаЕлејн Камарк, виш соработник во институтот Брукингс
Во некои држави беше дозволено порано пребројување на гласовите во предвременото гласање, како и на ливчињата испратени по пошта. Тоа доведе и до побрзи резултати. Но, во некои држави, тие пребројувања не започнаа се до затворањето на гласачките места, додека некои држави, исто така, дозволија гласачките ливчиња да се ставаат по пошта дури во вторник, што значи дека конечните резултати во тие области нема да доаѓаат со денови.
На последните избори, во 2020 година, претседателот Џо Бајден беше прогласен за победник дури четири дена по денот на изборите, кога резултатите за државата Пенсилванија му дадоа повеќе од 270 електорски гласови (од 538) неопходни за победа.
„Пенсилванија може да потрае дури една недела. Но, тоа може или не може да биде одлучувачка држава“, изјави за Гласот на Америка Елејн Камарк, виш соработник во Институтот Брукингс.
Тоа што е извесно е дека во Конгресот, Републиканската партија ја презеде контролата врз Сенатот. И покрај неколкуте трки кои сè уште се во тек, републиканците доцна синоќа добија предност од 51 место.
Над конечниот резултат се наѕираше изгледите за правни предизвици. И кампањите на Трамп и Харис беа подготвени со правни експерти да ги оспорат сите неправилности што ги забележаа.
Победа на Харис ќе ја направи првата жена претседател на земјата. Победата на Трамп ќе го направи вториот американски лидер, по Гровер Кливленд во 1880-тите, кој нема последователни мандати.
Следниот претседател треба да биде инаугуриран за нивниот четиригодишен мандат на 20 јануари.
Клучен фокус на надворешната политика во администрацијата на Трамп или Харис ќе бидат односите меѓу Соединетите Држави и Кина, вклучително и теми како што се трговијата и активностите на Кина во Јужното Кинеско Море.