Линкови за пристапност

Книгата на Иванка на паштунски


Преведувачката се надева дека книгата ќе ги охрабри жените во авганистанското општество да преземат поголема улога

Активистката за права на жените Шафика Кпалвак се надева дека јавното мислење во Авганистан ќе се промени со нејзиниот превод на книгата „Жени кои работат“ издадена во 2017 во авторство на ќерката и советничката на претседателот Доналд Трамп, Иванка, на паштунски јазик.

„Ја преведов книгата да ги охрабрам авганистанските жени да преземат лидерска улога во општеството, кажа Кпалвак во телефонско интервју за Авганистанскиот сервис на Гласот на Америка. Иванка Трамп има кажано дека ја напишала книгата да ги мотивира жените да истапат во лидерска улога во економскиот живот на нивната заедница.

Со преведување на книгата, Кпалвак се надева дека ќе ја направи достапна на мнозинското авганистанско население што зборува на паштунски но и на милиони во соседен Пакистан.

Сепак, влијанието на кногата може да биде лимитирано зашто според ОН Авганистан има најниска стапка на писменост во светот. Се проценува дека 31 процент од Авганистанците над 15 гони возраст можат да читаат, но таа цифра паѓа на 17 проценти кај жените, според УНЕСКО.

Сепак, издавачите на книгата во Кабул велат дека пазарот на читатели се зголемил од неодамна и луѓето покажуваат поголем интерес за книги напишани на паштунски и јазикот Дари. Други американски лидери кои имаат објавено книги достапни на паштунски го вклучуваат претседателот Трамп и поранешната претседателска кандидатка Хилари Клинтон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG