Линкови за пристапност

Муслиманите од Европа бараат модел во САД


Експертите велат дека помалиот број џихадисти од САД се должи на поефикасни програми за интеграција на младите.

Активисти кои се обидуваат да се спротивстават на џихадистичките регрутери во Европа се загрижени дека полека ја губат битката за придобивање на муслиманската младина на континентот. Велат, една од причините е што тие ниту муслиманската заедница имаат доволно да понудат.

„На младите секој ден им треба нешто“, вели Јусеф Барто Асидик, активист од Проектот за радикализацијата и екстремизмот при норвешката тинк-танк група, Минотенк.

За Гласот на Америка преку Скајп, тој изјави дека џамиите имаат тешкотии да обезбедат привлечна програма наменета за помладата популација.

„Во Норвешка, ова е место за молитва и верска афирмација“, вели тој. „Не е дневен центар или место каде може и да го минувате другиот дел од времето“.

Ова е проблем што отвара можности за екстремистичките организации коишто трагаат по нови регрути.

Ова не важи само за Норвешка. Муслиманските заедници во другите европски земји се соочуваат со слични предизвици.

Според одредени мерила, тие губат.

Според неодамнешно истражување на Меѓународниот центар за студија за радикализација при Кралскиот колеџ во Лондон, од 20-те илјади странски борци во Ирак и Сирија, 4.000 се од Западна Европа.

Американските разузнавачи велат има околу 3.400 џихадисти со пасоши од Западна Европа, а САД следат само околу 150 Американци кои заминале или се обиделе да заминат во Сирија и Ирак. Според споменатата студија на Кралскиот колеџ, Франција, Германија, Шведска и Британија имаат испратено повеќе.

Експертите велат дека помалиот број американски џихадисти може да се должи на неколку фактори, меѓу кои и можноста американско-муслиманските заедници да нудат постабилна и посеопфатна програма за младите и општините.

Кели Пембертон, предава религија и студии за жените при Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон. Таа вели дека солидарноста присутна меѓу муслиманите во САД, и луѓето од различно етнички и социоекономско потекло, ја нема во толкав степен во Европа.

За Сајид Суид од Исламското општество на Северна Америка, постигнувањето на тоа ниво на интеграција нема лесно да биде постигнато кај европско-муслиманските заедници.

„Муслиманите кои емигрирале во Европа, никогаш не биле прифатени од општествата како рамноправни, како партнери, сограѓани. Тие секогаш се чувствувале како да припаѓаат на некое друго место“, вели тој.

Суид додава дека со се` поголемото изолирање и поделба на муслимански заедници во Европа меѓу етничките граници, толку повеќе ќе се вртат кон земјите од каде потекнуваат, со потешкотии да посегнат кон проблематичната младина.

И Суид и Пембертон веруваат дека на муслиманските заедници во Европа ќе им треба помош од европските влади, за да престане дискриминацијата и да се отворат за нив економски можности. Пембертон сепак, не е оптимист.

„Гледам дека случува обратното“, вели таа. „Француската влада го засили присуството на полицијата во муслиманските заедници“, вели тој, „а анти-муслимански демонстрации имаше во различни држави, вклучувајќи ги Франција и Германија“.

XS
SM
MD
LG