Линкови за пристапност

Ирачките сили се борат да ја вратат контролата врз Тикрит

Во време кога сунитските милитанти прогласија исламска држава во области на Ирак и Сирија.

Ирачки борбени авиони доцна синоќа извршија напади врз градот Тикрит против сунитските милитанти коишто објавија дека формирале исламска држава во области на Ирак и Сирија.

Борбата за Тикрит продолжи и денес. Градот е еден од неколкуте каде милитантите на Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) презедоа контрола за време на офанзивата што започна во јуни.

Вчера, ИСИЛ објави аудио-снимка во којашто соопштува дека нејзиниот командант, Абу Бакр ал-Багдади, е водач на новиот калифат. ИСИЛ своевремено беше поврзан со Ал-Каида во Ирак, но Ал-Каида порано годинава се одрекна од ИСИЛ поради намерата да создаде калифат и одбивањето да ги почитува наредбите.

САД порано месецов испратија 300 војници во Ирак да дадат поддршка на владините сили за безбедност и да помогнат да се формираат заеднички оперативни центри против напредувањето на сунитските милитанти. Американските советници воедно управуваат со вооружени беспилотни летала за да го заштитат американскиот персонал.

This item is part of
XS
SM
MD
LG