Линкови за пристапност

Нападнат ирански брод кој наводно бил разузнавачка база, објави Асошиетед прес


Нападот се случил за време на разговорите за Нуклеарниот договор во Виена, а бил потврден од Министерството за надворешни работи на Иран

Ирански брод, за кој се верува дека е база на Иранската паравоена ревоулционерна гарда, и кој со години бил закотвен во Црвеното Море, бил нападнат, објави Асошиетед прес.

Оваа информација била потврдена од Министерството за надворешни работи на Иран. Државната телевизија, пак, одвоено го потврдила нападот, цитирајќи странски медиуми.

Бродот се верува дека со години бил база за собирање разузнавачки информации.

Нападот доаѓа во момент кога Иран и светските сили се собраа во Виена, за првите разговори за потенцијалното враќање на САД во договорот, чија цел е ограничување на иранската нуклеарна програма.

Иран негира дека ги вооружувал Хутите, и покрај тоа што била утврдена врска меѓу оружјето на бунтовниците и Техеран

Тој покажува како настаните надвор од преговорите би можеле да ги попречат тие напори.

Долгото присуство на бродот во регионот наводно било критикувано од Саудиска Арабија. Експерти за Западот и Обединетите нации (ОН), велат дека Иран обезбедил поддршка за јеменските бунтовници Хути во долгогодишната војна во државата.

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц, пак, кој одби да каже дали неговата држава го извршила нападот, ги опиша Иран и регионалните сојузници како голема закана.

„Израел мора да продолжи да се брани. На секое место каде ќе најдеме предизвик и потреба, ќе продолжиме да делуваме“, рече тој.

Иранскиот претседател Хасан Рухани рече дека разговорите во Виена претставуваат успех.

„Денес се слушна една обединета изјава дека сите страни во Нуклеарниот договор заклучија оти нема подобро решение од договор“, рече тој.

Разговорите на работните групи за предлозите за американски санкции и иранското прекршување на договорот почнаа вчера, а продолжија денес, дури и по потврдата на нападот од страна на Иран.

Централната команда на американската војска соопшти дека е запознаена со медиумските извештаи за нападот, и оти нејзините сили не биле инволвирани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG