Линкови за пристапност

И натаму разлики


Продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма, на само часови од истекот на рокот за спогодба

Преговорите за ограничување на иранската нуклеарна програма во Швајцарија влегоа во последните часови пред истекот на самопоставениот рок којшто истекува на полноќ. Преговарачкитите тимови на Иран и на групата шест светски сили се обидуваат да ги претопат 18-месечните разговори во нацрт на сеопфатен договор.

Официјални лица на преговорите во Лозана со комбинација на надеж и внимателност коментираат на работата којашто треба да се заврши за да се премостат разликите за нешта како колку долго ќе важи евенталниот договор, колку брзо ќе се кренат економските санкции, како и што да се стори доколку Иран го прекрши договорот.

Американскиот државен секретар Џон Кери вели дека останале „неколку тешки прашања“. Според иранскиот главен преговарач Абас Аракчи, би можело да се постигне договор, можеби уште денес или утре.

Иран и групата во којашто спаѓаат Британија, Кина, Франција, Русија, САД и Германија во минатото напати ги продолжуваа крајните рокови во преговорите. Тоа го сторија двапати откако ја постигнаа времената нуклеарна спогодба во ноември 2013-та.

XS
SM
MD
LG