Линкови за пристапност

Кери и Зариф во преговори за иранската нуклеарна програма пред истекувањето на рокот


Во Швајцарија преговарачите од шест светски сили и Иран преговараат за деталите на рамковниот договор кој има рок за постигнување 31-ви март.

Американскиот државен секретар Џон Кери и иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, продолжуваат со преговорите за иранската нуклеарна програма во четврток, во Швајцарија, во време кога преговорите влегуваат во крајна фаза пред рокот што сами си го поставија за постигнување на договор.

Пред средбите во Лузан, висок претставник на Стејт департментот на новинарите им кажа дека САД „можат да го видат патот напред до договор“ до истекувањето на рокот 31-ви март.

Иран и групата што ги вклучува САД, Британија, Кина, Франција, Русија и Германија сакаат да постигнат конечен договор до крајот на јуни, што ќе го ограничи Иран во нуклеарните активности во замена за олеснување на економските санкции.

Двета страни имаа повеќе рунди преговори изминативе месеци, но претстои договарање по детали како што е бројот на центрифуги со кои на Иран ќе му биде дозволено да оперира, како и темпото со кое ќе бидат укинувани санкциите.

Иран инсистира дека програмата е за мирољубиви цели, како истражување во медицината и произведување струја.

XS
SM
MD
LG