Линкови за пристапност

Бајден ја продолжува изборната трка и покрај слабите резултати на изборите во Ајова


Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден соопшти дека ја продолжува трката за демократската претседателска номинција.

Тој рече дека „не оди никаде“ и покрај слабите резултати на изборите во Ајова.

Бајден се најде на четвртото место зад поранешниот градоначалник на Саут Бенд, Индијана, Пит Бутиџеџ, кој е на прво место, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, на второ место и на трето сенаторката од Масачусетс, Елизабет Ворен.

Сенаторката од Минесота, Ејми Клобучар е зад Бајден.

„Многу луѓе ја отпишаа оваа кампања ... тие се обидуваат да го сторат тоа од моментот кога влегов во трката. Па, имам новост за нив. Јас не одам никаде,“ рече Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG