Линкови за пристапност

Кендис Милер: Нема причина Македонија да не биде членка на НАТО


Интервју: Кендис Милер
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Интервју: Кендис Милер

Особено во услови на украинската ситуација, истакнува конгресменката во интервјуто за Гласот на Америка на македонски.

Во април поднесе резолуција за поддршка на Македонија во НАТО. Беше еден од иницијаторите и меѓу 40-те конгресмени потпишани во писмото до државниот секретар Кери со слична содржина. На чело е на Конгресната група за Македонија и македонските Американци. Во интервјуто за Гласот на Америка на македонски, конгресменката Кендис Милер говори за натамошниот тек и влијанието на резолуцијата, поднесена во април, а деновиве префрлена во надлежниот конгресен поткомитет: “

Треба да обезбедиме повеќе конгресмени да пристиснат за резолуцијата и Македонија да го зазеде заслуженото место во НАТО

. Да имаме доволно притисок во Конгресот. Знаете, има и притисок од обратната страна. Се работи за тоа да ги запознаеме конгресмените колку е важно се` што Македонија сработи, се` што исполни во однос на нештата потебни за прием во НАТО. Посекако, нема причина Македонија да не биде членка на НАТО“.

Конгресменката Кендис Милер
Конгресменката Кендис Милер

Но, НАТО е дециден дека нема покус пат до членство и дека Македонија ќе биде примена кога ќе го реши прашањето за името. Републиканката од Мичиген на тоа коментира со сугестија да се погледне пошироката слика: „Секако дека сакаме да продолжиме да соработуваме со Грција и другите коишто можеби притискаат од другата страна, но погледнете на ситуацијата во Украина. И велам: во време на пресвртни моменти на разни места во светот, посекако во Европа, мислам дека е мошне важно да не дозволиме нешто како името да го попречи приемот на Македонија во НАТО, затоа што слободата, независноста, демократијата и самоопределувањето, подготвеноста на Македонија да застане со сојузниците на проблематични места во светот, да испрати војници, да биде подготвена да ја жртвува својата крв и богатство во борбата за демократија и слобода - сите овие нешта се така големи плусови за Македонија, така што се надевам дека може да го решиме другото прашање, но мора да се гледа во поширок контекст“.

Мислам дека е мошне важно да не дозволиме нешто како името да го попречи приемот на Македонија во НАТО, затоа што слободата, независноста, демократијата и самоопределувањето, подготвеноста на Македонија да застане со сојузниците на проблематични места во светот, да испрати војници, да биде подготвена да ја жртвува својата крв и богатство во борбата за демократија и слобода - сите овие нешта се така големи плусови за Македонија, така што се надевам дека може да го решиме другото прашање, но мора да се гледа во поширок контекст

Како реагирал државниот секретар Џон Кери на писмото во коешто, со нејзино залагање, 40 конгресмени укажуваат на украинската ситуација и бараат прием на Македонија и Црна Гора уште на Самитот на НАТО во Велс?

„За жал, немавме многу повратна информација од секретарот Кери за тоа писмо, но знам дека го доби и се надевам дека го разгледува. Знам дека е многу зафатен со се` друго што сега се случува, но мислам дека кога толку многу конгресмени ќе испратат писмо до државниот секретар, тој не го остава настрана. Тоа беше двопартиски напор и мислам дека има влијание“, вели Милер.

Американскиот официјален став за прашањето за името со години е дека Вашингтон ќе поддржи обострано прифатливо решение, во рамки на процесот во ОН. Но, со фактот дека со години нема видлив напредок во преговорите, конгресменката се согласува со тезата дека би имало полза од поактивна улога на американската влада: „Како претседавачка на Конгресната група за Македонија, јас сум тука (во Конгресот, н.з.) голем глас. Се обидувам гласот да ми биде што погласен. Претседателот (Џорџ В., н.з.) Буш беше решителен во врска со ова и мислам дека претседателот Обама генерално е согласен по прашањето, и државниот секретар Кери, назначен од него, затоа и му напишавме писмо. Мислам дека би било корисно да се биде поактивен по ова прашање“.

Милер наведува дека разговара со колегите од демократска страна, но во моментов не може да каже кој би го пополнил демократското место на заедничката функција - претседавач на Конгресната група за Македонија: „Разговарав со неколкумина за ова, но во моментов немам име што би го објавила. (...) Ова навистина е двопартиско прашање. Имавме добра двопартиска соработка во минатото. Треба да обезбедиме позицијата да се пополни“.

Таа раскажува дека и пред да влезе во Конгресот, додека била државна секретарка на Мичиген, како главно изборно лице во сојузната држава од речиси 10 милиони луѓе, задолжено тие да го искористат правото на глас, укажувала на македонските Американци како на група којашто разбирала колку е важно правото на глас во демократијата. Илјадниците македонски Американци во нејзината изборна област се врската со Македонија: „Македонската врска за мене е - ја претставувам најубавата област во целата земја - тука сум малку со предрасуда - во југоисточен Мичиген. Горда сум да кажам дека имаме една од најбројните заедници на македонските Американци“.

XS
SM
MD
LG