Линкови за пристапност

Талат Џафери останува на чело на Собранието, интерпелацијата не помина


Нема да дозволам да се узурпира овој дом, рече Џафери после гласањето
Нема да дозволам да се узурпира овој дом, рече Џафери после гласањето

Со 61 пратеник „против“, 43 гласа „за“ и ниту еден воздржан, пратениците вечерва не го изгласаа предлогот за интерпелација за работењето на претседателот на Собранието. Во гласањето учествуваше и самиот Џафери.

Со 61 пратеник „против“, 43 гласа „за“ и ниту еден воздржан, пратениците вечерва не изгласа интерпелација за работењето на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Нема да дозволам да се узурпира овој дом. Овој дом припаѓа на народот. Јас сум растоварен од партиските обврски и настојувам таа моја определба да ја терам до крај... Комуникацијата продолжува со секој од вас што има воља да комуницира со мене како претседател на Собранието“, рече Џафери во обраќањето до пратениците после гласањето.

Не помина интерпелацијата против Талат Џафери
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

Седницата се водеше речиси во текот на целиот ден, а ја водеше потпретседателот Горан Мисовски. Од говорницата се водеше дебата за начинот на работењето на Џафери. Притоа пратениците од опозицијата, на чело со ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваа да докажат дека собранискиот спикер не работи според правилникот на Собранието, дека во повеќе наврати го прекршил уставот, дека работи за интересите на владејачкото мнозинство, како и дека во неговиот мандат законодавниот дом се соочува со несовесно трошење средства.

На тие обвинувања, Џафери одговараше дека неговата работа е во рамките на законските одредби, како и дека за сите извршени ревизии постојат јавно достапни документи. Џафери во неколку наврати истакна дека кон секој од пратениците имал објективен и непристрасен однос, без оглед на партиската припадност.

Џафери на позицијата дојде на 27 април, 2017 година, ден познат и како „крвав четврток“ кога бројни демостранти упаднаа во законодавниот дом.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG