Линкови за пристапност

Поплавите во Индонезија однесоа најмалку 89 животи


Помеѓу шест и седум илјади луѓе се раселени и се наоѓаат во засолништа за итни случаи

Службите за вонредни состојби во Индонезија соопштија дека 89 лица загинаа во тридневните поплави и лизгање на земјиштето во источната провинција Папуа.

Најлошо погодена е областа Сентани каде поројните дождови предизвикаа лизгање на повеќе тони карпи, кал и дрва кои завршија во реката, што предизвика нејзино излевање во деловите каде што има куќи, како и на патиштата.

Најмалку 74 лица се водат за исчезнати, додека последиците кај најмалку 150 лица се скршени коски, исеченици и други повреди. Помеѓу шест и седум илјади луѓе се раселени и се наоѓаат во засолништа за итни случаи.

Индонезија е една од најзагрозените нации во светот. Покрај тешката сезона на дождови која предизвикува поплави и лизгање на земјиштето, архипелагот на 17.000 острови во Југоисточна Азија, исто така, се наоѓа на таканаречениот „Огнен прстен“, кој се состои од повеќе подземни вулкани, така што земјотресите и вулканските ерупции тука се вообичаени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG