Линкови за пристапност

Поддржувачите на Трамп подготвуваат одбрана пред почеток на јавните сведочења за импичмент


Трамп рече дека истрагата за импичмент е тотална измама од демократите кои не работат ништо

Републиканските поддржувачи на претседателот Доналд Трамп подготвуваат жестока одбрана пред почеток на јавните сослушувања за истрагата за импичмент утре.

Трамп, пак, преку Твитер, повторно реагираше за сведочењата, велејќи дека „импичментот е тотална измама од демократите кои не прават ништо“.

Конгресменот Адам Шиф изјави пред 435 членови на Претставничкиот дом, дека сослушувањата кои ќе се пренесуваат на национално ниво ќе имаат за цел да ги предочат фактите пред американските граѓани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG