Линкови за пристапност

Претседател кој мисли дека има неограничена моќ претставува закана за републиката, порачаа демократите пред Сенатот


Трамп рече дека процесот за негов импичмент е најкорумпиран во досегашната историја на Конгресот

Денес е последен ден за демократите да ги презентираат воведните аргументи пред Сенатот во сослушувањето за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп.

Одлука за отстранување на Трамп од функцијата многу тешко може да се донесе во Сенатот, во кој доминира републиканско мнозинство.

Тоа, пак, не ги спречи демократите да бараат од сенаторите да го направат она што тие сметаат дека е исправно, а тоа е отсранување на Трамп од претседателската функција.

Конгресменот и претседавач со Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом Адам Шиф, во завршното обраќање вчера, рече дека државата губи ако вистината не е важна.

Џеролд Надлер, еден од директорите на Претставничкиот дом во постапката за импичмент, рече дека е опасна бесмисленост аргументот на Трамп дека не можел да биде отстранет од функцијата поради злоупотреба на моќ.

„Претседател кој мисли дека има неограничена моќ претставува закана за републиката“, рече Надлер, кој го обвини Трамп за злоупотреба на моќ,, предавство на нацијата и корпција во изборите.

Според Надлер, овие злоупотреби, согласно Уставот, претставуваат основа за отстранување од функцијата.

Трамп, пак, повторно на Твитер ја критикуваше постапката за импичмент.

„Демократите од Претставничкиот дом не ни даваа адвокати, ниту еден сведок, но, сега бараат републиканскиот Сенат да обезбеди сведоци кои Претставничкиот дом никогаш не ги побара. Најкорумпирано сослушување во историјата на Конгресот“, напиша Трамп.

Тој, повеќепати, откако почна постапката за негов импичмент, рече дека не направил ништо погрешно во разговорот со украинскиот претседател Володомир Зеленски, често опишувајќи го разговорот како совршен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG