Линкови за пристапност

Денес почна процесот во Сенатот за импичмент на Трамп


Закондоваци од Претставничкиот дом ќе ги презентираат обвиненијата пред сенаторите, кои ќе имаат улога на порота

Денес почнува сослушувањето во Сенатот за импичмент на претседателот на САД Доналд Трамп.

Закондоваци од Претставничкиот дом ќе ги презентираат обвиненијата пред сенаторите, кои ќе имаат улога на порота.

Судијата на Врховниот суд Џон Робертс ќе даде заклетва за извршување на надзор на процесот, а потоа ќе се заколнат и сто членови на Сенатот.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, изјави дека последниот чекор денес ќе биде да се извести Белата куќа, и да се побара претседателот да испрати негов советник и да одговори на обвиненијата.

Главното сослушување ќе почне во вторник следната недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG