Линкови за пристапност

Имам целосна доверба во претседателот, рече Гарланд за менталната подготвеност на Бајден


Претседателот нема никакво нарушување, изјави американскиот јавен обвинител пред законодавците во Претставничкиот дом
Претседателот нема никакво нарушување, изјави американскиот јавен обвинител пред законодавците во Претставничкиот дом

Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд денес ја бранеше менталната подготвеност на претседателот Џо Бајден, велејќи им на законодавците во Претставничкиот дом дека тој стручно се справувал и со надворешни и со домашни прашања.

„Претседателот нема никакво нарушување“, рече Гарланд пред Поткомитетот за доделување средства во Претставничкиот дом.

„Го гледав како стручно ги води состаноците на персоналот и на членовите на кабинетот за прашања од надворешни работи и воена стратегија и политика“, додаде тој.

„Имам целосна доверба во претседателот“, додаде Гарланд.

Денес беше првпат јавниот обвинител јавно да понуди свои забелешки за менталната подготвеност на Бајден, кој на 81-годишна возраст е најстариот американски претседател на функцијата.

Анкетите покажуваат дека возраста на Бајден е најголема грижа за гласачите додека тој води кампања за втор мандат на претседателските избори на 5 ноември против републиканецот Доналд Трамп (77).

Прашањето за менталната компетентност стана главна тема во овогодинешната претседателска кампања, бидејќи Бајден и Трамп се двајцата најстари мажи кои биле избрани за претседател.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос во септември покажа дека 77 отсто од испитаниците рекле оти се согласуваат со изјавата дека Бајден е премногу стар за да работи во владата, додека 56 отсто го рекле истото за Трамп.

Извештајот од февруари на американскиот специјален советник Роберт Хур сугерираше дека претседателот има губење на меморијата, што Белата куќа силно го оспори.

Гарланд денес одби да ги коментира конкретно забелешките на Хур за сеќавањето на Бајден во извештајот.

Сепак, тој доброволно даде свои забелешки за Бајден, врз основа на неговото искуство како член на владата и член на Советот за национална безбедност.

XS
SM
MD
LG