Линкови за пристапност

Климатските промени ќе доведат до губење на работни места


Покажува најнов извештај на Меуѓнародната организација за труд

Покачените температури како резултат на глобалното затоплување може да доведат до економски загуби и намалување на работни места до 2030 година, покажува најнов извештај на Меуѓнародната организација за труд.

Спред извештајот, покачувањето на температурите и зголемувањето на стресот на работа како резултат на тоа ќе доведе до загуба на 80 милиони работни места, како и економски загуби од 2.4 трилиони долари во 2030 година.

Авторите на студијата велат дека нивните проценки се базирани прогнозите за зголемување на глобалната температура за 1.5 Целзиусиви степени до крајот на векот.

Научниците за животна средина предвидуваат дека температурите би можеле да се зголемат најмногу за три Целзиусови степени.

Извештајот нагласува дека луѓето што работат на отворено, главно во земјоделскиот и градежниот сектор, најмногу ќе бидат афектирани од покачувањето на температурите.

Според проценките, земјоделскиот сектор ќе изгуби до 60 проценти од работните часови како резултат на топлотниот стрес, додека градежниот сектор до 19 проценти.

Главниот научник на истражувањето вели дека јужниот дел на Азија и западниот дел на Африка се најсериозно погодени региони.

Вели дека седум од најпогодените подрачја се опишани како најнеразвиени држави во Африка.

Стресот поради топлотниот бран е најголем во региони со дефицит на работни места. Во Африка, на пример, 75 проценти од граѓаните немаат легална здравствена заштита., се вели во извештајот.

2.3 проценти од работните часови во Африка ќе бидат загубени до 2030 година, што е повеќе од глобалниот просек од 2.2 проценти.

Извештајот потенцира дека работниците во богатите држави, исто така, ќе бидат афектирани од превисоки температури, но, многу помалку од оние во сиромашните држави.

Ова ќе доведе да се зголеми нееднаквоста меѓу државите со ниски и високи примања, а резултатот ќе биде влошување на работните услови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG