Линкови за пристапност

Ураган Флоренс го зафати источното крајбрежје на САД


Утрово бурата донесе ветрови од 165 километери на час

Нов ураган Флоренс го зафати источното крајбрежје на САД. Метеоролозите најавуваат дека тој станува се` посилен.

Националниот центар за урагани очекува ураганот утре и в среда да помине меѓу Бермуда и Бахамите, од каде се очекува да продолжи кон Северна и Јужна Каролина до крајот на неделата.

Додека да стигне до копното, ураганот се очекува да премине во „екстремно опасен ураган“ од трета категорија.

Утрово бурата донесе ветрови од 165 километери на час, а сојузните држави Вирџинија, Северна и Јужна Каролина, прогласија вонредни состојби.

Истовремено, уште два други урагани Исак и Хелен се движат кон Карибите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG