Јужниот дел на Мексиканскиот Залив се подготвува за ураганот „Харви“ којшто се очекува да го погоди копното на сојузната држава Тексас, доцна вечерва или рано утре, по локално време.
Продавниците и бизнисите се затвораат, а властите велат дека жителите кои ќе ги игнорираат повиците за евакуација, го прават тоа на сопствен ризик.
„Харви“ во наредните три дена долж крајбрежјето на Тексас, се очекува да донесе околу 100 сантиметри дожд.
Белата куќа соопшти дека федералните ресурси се подготвени за можно распоредување во Тексас.
Facebook Forum