Линкови за пристапност

Разорниот Доријан се повеќе се приближува кон Флорида


Доријан сега е класифициран како бура од втора категорија, која ослабе на интензитет по првиот удар на Бахамите како најопасен ураган од петта категорија

Ураганот Доријан го опустоши островот Гранд Бахама. Моќното невреме се доближува до копното САД во јужната држава Флорида.

Метеоролозите го опишуваат Доријан како „исклучително опасен“, како што се движи север-западно кон брегот на Флорида.


Доријан, проследен со ветрови кои дуваат со 175 километри на час, беше класифициран како бура од втора категорија, која ослабе на интензитет по првиот удар на Бахамите како најопасен ураган од петта категорија. Во исто време, сепак, американскиот Национален центар за урагани соопшти дека невремето се засилува.

Метеоролозите го опишуваат Доријан како „исклучително опасен“, како што се движи север-западно кон брегот на Флорида. Метеоролозите предвидуваат дека денеска Доријан ќе напредува „малку побрзо“, пред да тргне кон север по источниот брег на земјата до среда навечер.

Агенцијата за урагани соопшти дека по очекуваната патека, Доријан вечерва ќе се движи „опасно близу“ до брегот на Флорида, напредувајќи кон север многу близу до бреговите на Џорџија и Јужна Каролина во среда и четврток и брегот на Северна Каролина во четврток.

Жителите на Бахамите имаа уште една пеколна ноќ додека Доријан ја зафати областа со силни ветрови и поплави поради поројните дождови и невремето.

Поради невремето нивото на водата се подигна четири метри над нормалното. Властите соопштија дека ветровите собориле или оштетиле илјадници домови.

„Ова е историска трагедија за северниот дел на Бахамите“, рече премиерот Хуберт Минис. „Нашата мисија сега е пребарување на теренот, спасување и закрепнување. Да се молиме за оние во погодените области и за нашите спасувачи“.

Тој на прес-конференцијата во понеделникот изјави дека се потврдени пет смртни случаи на островот Абако, кој Дориан го погоди пред да се придвижи во правец на Гранд Бахама.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG