Линкови за пристапност

Коронавирусот го влоши проблемот на трговијата со луѓе


Со нестабилноста и недостигот на пристап до критични услуги поради пандемијата бројот на луѓе ранливи на експлоатација од страна на трговците со луѓе рапидно расте, покажува годишниот извештај на Стејт департментот

Пандемијата на коронавирусот направи повеќе луѓе ранливи на трговија со луѓе, рече државниот секретар на САД, Мајк Помпео, презентирајќи го годишниот извештај на Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот. Тој истакна дека најлоши се состојбите во Авганистан и Никарагва, додека подобрени се состојбите во Саудиска Арабија, пренесе Ројтерс.

„Нестабилноста и недостигот на пристап до критични услуги поради пандемијата значат дека бројот на луѓе ранливи на експлоатација од страна на трговците со луѓе рапидно расте“, рече Помпео .[[https://content.govdelivery.com/attachments/USSTATEBPA/2020/06/25/file_attachments/1482430/Q&A%202020%20TIP%20Report.pdf]]

Корупцијата во кривичните дела од областа на трговијата со луѓе и натаму е загрижувачка. Властите во последниве години не гонеле ниту еден службеник за соучесништво во врска со трговија со луѓе, стои во извештајот во делот за Северна Македонија.


Во делот за Северна Македонија се посочува дека Владата не ги исполнува во целост минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но вложува значителни напори за тоа, кои вклучуваат зголемување на ресурсите за заштита на жртвите и доделување на првиот грант за невладина организација.

Извештајот нотира дека судовите, вклучувајќи ги и апелационите, изрекоа поостри казни од претходните години.

Владата ги зголеми севкупните напори за превенција, како што е формирање и обезбедување на независна канцеларија за борба против трговијата со луѓе и организирање на големи кампањи за подигнување на свеста.

Сепак, владата не ги исполни минималните стандарди во неколку клучни области, стои во извештајот. Полицијата нема соодветно финансирање и опрема за спроведување на проактивни истраги, а Обвинителството за организиран криминал и корупција нема доволно ресурси, вклучително и персонал, за да се справи со сите случаи што се во негова надлежност.

Владата депортираше, приведе или ја ограничи слобода на движење на некои потенцијални жртви на трговија со луѓе поради несоодветни практики за идентификација, се вели во извештајот во кој се укажува на проблемот на немање капацитет да се примат жртвите доколку единственото засолниште во државата е полно.

Додека тимовите за мобилна идентификација го идентификуваат мнозинството на потенцијални жртви, финансирањето и одржливоста на мобилните тимови останува неизвесно. Корупцијата во кривичните дела од областа на трговијата со луѓе и натаму е загрижувачка. Властите во последниве години не гонеле ниту еден службеник за соучесништво во врска со трговија со луѓе, стои во извештајот во делот за Северна Македонија.

Во извештајот Кина се критикува поради широко распространетата употреба на присилна работа, вклучително и преку, како и поради масовниот притвор во камповите на повеќе од еден милион припадници на муслиманското малцинство.

Во него се вели дека Пекинг ја проширил оваа кампања во други провинции и започна да ја спроведува меѓу другите верски малцинства. Кина негира малтретирање и рече дека камповите обезбедуваат стручна обука и се потребни за борба против екстремизмот.

Помпео, во забелешките од извештајот ја издвои Кина, „каде Кинеската комунистичка партија и нејзините државни претпријатија често ги принудуваат граѓаните да работат во ужасни услови на проектите од иницијативата Појаси и патишта“, рече тој, осврнувајќи се на инфраструктурниот проект за поврзување на Кина со други делови на Азија и Европа.

Додека Саудиска Арабија забележа подобрување https://www.reuters.com/article/us-usa-humantrafficking/u-s-human-trafficking-report-drops-child-separation-warning-idUSKCN1TL2IV , Авганистан и Никарагва спајѓаат во најниска категорија, што може да доведе до ограничување на американската нехуманитарна и нетрговска помош.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG