Линкови за пристапност

Поправка на „фалични“ гени во ембрион


Научниците се надеваат дека откритието ќе помогне во спречување на наследни болести

Научниците успеале безбедно да поправат ген кај човечки ембрион, кој предизвикува срцево заболување.

Иако истражувањето е се` уште само во лабораториска фаза, тоа ja отвора можноста за превенција на некои наследни болести.

Во изненадувачкото откритие, истражувачкиот тим од Универзитетот за наука и здравство од Орегон, објави дека научниците можат да ја сменат ДНК, на начин кој ќе го штити не само новороденчето од болест која се наследува во семејството, туку и неговото потомство.

Сепак, иако поправањето на гените може да помогне во отстранување на некои болести, откритието отвори многу етички прашања. Критичарите се загрижени за обидите за „дизајнирање на бебиња“.

Резултатот од серијата лабораториски експерименти беше објавен во списанието Nature.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG