Линкови за пристапност

Иран го отфрла предупредувањето на САД за Теснецот Ормуз


Иран го отфрла предупредувањето на САД за Теснецот Ормуз
Иран го отфрла предупредувањето на САД за Теснецот Ормуз

Иран го отфрли американското предупредување против блокирање на нафтените пратки што минуваат низ стратешкиот Теснец Ормуз, продолжувајќи ја војната со зборови меѓу двете држави.

Иранската полу-официјална новинска агенција Фарс во четврток го цитираше командантот на Револуционерната гарда, Хосеин Салами, како вели дека Иран може да изведе сопствени „одбранбени стратегии“.

Техеран порано неделава се закани дека ќе го блокира влезот во Персискиот залив доколку Запад постави санкции спрема иранскиот нафтен извоз. Таков потег од Запад би можел да додаде на неколкуте рунди на санкции кои се веќе поставени спрема Иран во врска со нивната контроверзна нуклеарна програма.

Повеќе од една третина од светските нафтени резерви што се на танкери минуваат низ Теснецот Ормуз.Затворањето може привремено да отсече дел од снабдувањето со нафта и да влијае на цената на нафта во светот.

Пентагон кажа дека попречување на протекот на бродови низ теснецот нема да биде толериран.

Неодамнешен извештај на ОН кажа дека Иран се чини дека тајно работи на дизајнирање на нуклеарно оружје, нешто што Техеран го негира. Министрите на Европската унија кажаа дека одлука за нови економски санкции , вклучувајќи и бојкот на иранската нафта, ќе биде донесена во наредните недели. Голем дел од иранскиот приход од странство доаѓа од извоз на нафта.

XS
SM
MD
LG