Линкови за пристапност

Како функционира еден мултиетнички хор во Македонија?


Како функционира еден мултиетнички хор во Македонија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Како функционира еден мултиетнички хор во Македонија?

Во „Симбиоза“ членуваат и Македонци и Албанци, кој велат дека се еден од најдобрите примери не само за соживот, туку и за заедничко работење

Старата македонска народна песна „Параходот“ звучи одлично кога ја изведуваат и Македонци и Албанци. Таков е примерот со членовите на хорот „Симбиоза“ каде членуваат млади од различни етнички заедници. Хорот е резултат на 10-годишно пријателство помеѓу професорите по музичко воспитание во средното музичко училиште во Скопје, Бехар Весели и Дамјан Темков.

Тие за Гласот на Америка изјавија дека ова е еден од најдобрите примери во македонското општество како Македонците и Албанците можат да живеат, но и да работат заедно.

„Наша националност е музиката во ситуацијава, и ние не се делиме кој каков јазик зборува. Композициите се тие кои покажуваат како различните работи можат заедно да се вклопат и да функционираат“, вели Темков.

Според Весели, не било воопшто лесно да го создадат она што го имаат денес, но, како што вели, проектот во секојдневното живеење веќе дава позитивни резултати.

„Има примери од учениците Македонци кои денес ме поздравуваат на албански, на пример. Има позитивни примери. Мислам дека единствениот пристап кон општеството, е пристапот кон мултиетничкото живеење“, изјави тој.

И двајцата професори рекоа дека би било добро македонските политичари да посетат некои од нивните коцерти за да видат вистински како во реалноста функционира македонското општество.

„Се надевам дека ќе го следат примерот и дека ќе продолжат и тие на овој начин да работат. Би сакал нашиот пример да биде пример за сите, бидејќи тоа е неизбежен дел од живеењето на луѓето“, вели Темков.

„Од политичарите никогаш немавме публика. Мислам дека треба да дојдат. Не има и на „Јутјуб“, нека ги пуштат снимките и нека гледаат како тоа може да се изведе“, кажа Весели.

Членовите на хорот велат дека јазикот за нив не бил никаков проблем.

„Исто како што ним не им беше тешко да ги научат нашите песни, така и нам. Односите ни се супер. Јас сум многу добра пријателка со 2-3 девојки и момчиња Албанци. Нема никакви предрасуди“, изјави ученичката Јана Димоска.

„Како пример мислам дека е супер и кажуваме дека може да се зборува и на македонски и албански“, вели хористот Исмет Вејсели.

Покрај македонски и албански песни, хорот којшто неодамна одржа концерт во Струга, изведува народни нумери и на неколку други јазици, како хебрејски и арапски, односно од подрачја кои во минатото или во сегашноста се соочувале со одредени конфликти. Дел од проектот беше подржан од Американската амбасада во Македонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG