Линкови за пристапност

Смртноста од предозираност од хероин во САД зголемена за четири пати


Причината, велат експертите, се високите цени на лековите против болка и ниската цена на оваа дрога.

Бројот на смртни случаи од предозирање со хероин во САД, меѓу 2010-та и 2015-та година се зголемил за четири пати, се вели во најновиот извештај на Националниот центар за здравствена статистика. Според него, во 2015-та година биле пријавени 12.989 случаи на предозираност од овој вид на дрога. Во 2010-та година бројката била само 3.036. За споредба, бројката од 8 проценти во 2010-тата година, денес изнесува 25 проценти.

Од Центарот додаваат дека причината за трендот се должи на намалувањето на куповната цена на хероинот и зголемувањето на неговата јачина.

Експертите веруваат и дека епидемијата со опоиди, предизвикана од лекови против болка издадени на рецепти, можно е да е дополнителна причина лицата да посегнат по хероин.

„Доколку започнете со опоидни лекови, шансите дека ќе корисите хероин се 40 пати поголеми“, изјави за Ројтерс Рич Хамбург, извршен потпретседател на непрофитната организација „Верба за американското здравје“. „Хероинот е дел од поголемиот проблем на Америка во областа на злоупотреба на лековите“, вели тој.

Додека била правена студијата, забележан е пад на смртноста од предозирање со лекови против болки, од 29 проценти од сите предозирања во 2010-та година, на 24 проценти во 2015-та година. Воедно, забележано е намалување на бројот на смртни случаи од предозирања со кокаин, се вели понатаму во извештајот.

Според студијата, сојузни држави со највисока стапка на смртност од предозирање во 2015-та година, се Западна Вирџинија, Њу Хемпшир, Кентаки и Охајо.

Зголемување на бројот на смртни случаи од предозирање било забележано кај сите старосни групи, но најмногу кај луѓето меѓу 55 и 64-годишна возраст, се вели во извештајот на Националниот центар за здравствена статистика.

XS
SM
MD
LG