Линкови за пристапност

Хејли вели дека ќе гласа за Трамп и покрај нивните несогласувања


Хејли, исто така, јасно стави до знаење дека чувствува оти Трамп има работа за да ги придобие гласачите кои ја поддржаа во текот на предизборната кампања
Хејли, исто така, јасно стави до знаење дека чувствува оти Трамп има работа за да ги придобие гласачите кои ја поддржаа во текот на предизборната кампања

Ники Хејли изјави дека ќе гласа за Доналд Трамп на претседателските избори во ноември, забележително покажување поддршка со оглед на нивното интензивно и често лично ривалство за време на предизборната кампања на републиканците.

Но, Хејли, исто така, јасно стави до знаење дека чувствува оти Трамп има работа за да ги придобие гласачите кои ја поддржаа во текот на предизборната кампања.

„Ќе гласам за Трамп“, рече Хејли, поранешна амбасадорка на САД во Обединетите нации (ОН) за време на настан во Институтот Хадсон во Вашингтон.

„Иако го кажав тоа, стојам на она што го кажав во мојот говор на крајот на кампањата“, додаде Хејли.

Коментарите во нејзиниот прв јавен говор по излегувањето од трката се` уште еден сигнал за практично целосната консолидација на поддршката на Републиканската партија зад Трамп, дури и од оние кои го етикетираа во минатото како закана.

Хејли ја прекина сопствената кандидатура за номинацијата на Републиканската партија пред два месеца, но веднаш не го поддржа Трамп, обвинувајќи го дека предизвикува хаос и оти не ја почитува важноста на сојузите на САД во странство, доведувајќи го во прашање и тоа дали и Трамп (77) е исто така стар да биде претседател повторно.

Трамп, пак, постојано ја исмејуваше, иако тоа го намали откако обезбеди доволно делегати во март за да стане наверојатна републиканска номинација.

Кампањата на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар за најавата на Хејли.

Кампањата на претседателот Џо Бајден, во меѓувреме, работи да ги придобие нејзините поддржувачи. Тимот на Бајден тивко организира групата републиканци за Бајден, која ќе се фокусира на стотиците илјади гласачи на Хејли во секоја сојузна држава, според луѓе кои се запознаени со плановите, но не се овластени јавно да разговараат за нив.

Но, Хејли упати неколку критики за надворешната политика на Бајден и за справувањето со границата САД- Мексико во нејзиниот говор во средата во Институтот Хадсон, конзервативна тинк-тенк во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG