Линкови за пристапност

Ураганот на Хаваи премина во четврта категорија


Долгите врнежи од дожд предизвикаа поплави во некои од населените места

Ураганот Лејн во Хаваи премина во бура од трета категорија. Вчерта вечерта ураганот ја намали јачината, но, сепак донесе обилни врнежи од дожд и силни ветрови на островот.

Националната метеоролошка служба јави дека не се работи за ураган кој би имал директен удар на островите, но, долгите врнежи од дожд доведоа до поплави во некои од населените места на хавајските острови.

Надлежните предупредуваат граѓаните да не ги напуштат домовите.

„Во моментов има значителни врнежи од дожд на островот Хаваи и мора да внимаваме на поплавите и оштетувањето, кое може да го предизвика дождот. Треба да се одговори на ваквата ситуација, да се остане во контакт со пријателите и семејствата. Ако почуствувате дека засолништето е прва опција, и ако сметате дека не сте на безбедно место, тогаш побарајте засолниште во едно од многуте наменети за вонредни ситуации“, рече гувернерот на Хаваи Дејвид Ајџи.

Некои авиокомпании ги откажаа летовите за Хаваи.

Претседателот Доналд Трамп вчера прогласи вонредна состојба и нареди да се испрати федерална помош.

Централниот дел на Тихиот Океан има помалку урагани, само четири или пет наизменични бури годишно. Хаваи ретко кога се погодени.

Сепак, жителите на Хаваи се сеќаваат на катастрофата предизвикана од ураганот Иники во 1992-та година, кога беа убиени шест лица и предизвикана штета од 1.8 милијарди долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG