Линкови за пристапност

Изборот за советник за национална безбедност ја одби понудата


Харвард вели дека во моментот не може да одговори на задолженијата

Вицеадмиралот Роберт Харвард ја одби понудата од американскиот претседател Доналд Трамп да ја презеде функцијата советник за национална безбедност и да го замени пензионираниот генерал Мајкл Флин, кој даде оставка порано неделава.

Харвард во соопштение кажа, цитираме „ова работа бара посветеност 24 часа на ден, фокус седум дена во неделата и посветеност да се заврши на вистински начин. Во моментов не можам да ја преземам таа обврска“

Шеесет годишниот Харвард е поранешен член на специјалната единица на американската морнарица, течно зборува персиски јазик и се пензионирал во 2013-та година. Моментално работи како извршен директор во компанијата „Локхид Мартин", каде е фокусиран на соработката со Обединетите Арапски Емирати.

Харвард е почитуван во заедница за национална безбедност и има блиски врски со секретарот за одбрана Џим Матис. Служеле заедно кога Харвард бил заменик -командант на Централната команда, одговорна за американските сили на Блискиот Исток.

Роберт Харвард има претходно искуство и во Белата куќа. Тој работел во Националниот совет за безбедност во администрацијата на претседателот Џорџ В. Буш, со фокус на контратероризмот.

Флин, неделава даде оставка заради погрешно информирање околу неговите контакти со руски официјални лица за време на претседателскиот транзиционен период.

XS
SM
MD
LG