Линкови за пристапност

Хамас вели дека има позитивен пристап кон договорот за примирје во Газа


Хамас рече дека наскоро ќе испрати делегација во Египет за да ги заврши тековните дискусии за прекин на огнот со договор што ги „реализира барањата на нашиот народ“
Хамас рече дека наскоро ќе испрати делегација во Египет за да ги заврши тековните дискусии за прекин на огнот со договор што ги „реализира барањата на нашиот народ“

Хамас вели дека во „позитивен дух“ размислува за договорот за примирје во Газа, додека Обединетите нации (ОН) предупредија дека обновата на опустошената палестинска територија ќе бара напори невидени од Втората светска војна.

По неколкумесечни преговори, Хамас звучи оптимистички во врска со најновиот предлог за заложници за прекин на огнот, зголемувајќи ги надежите за наскоро да се постигне договор, дури и кога медицинските лица во опколениот појас објавија нови напади врз најјужниот град во Газа Рафа денес.

Шефот на Хамас, Исмаил Ханије, рече дека групата „наскоро“ ќе испрати делегација во Египет за да ги заврши тековните дискусии за прекин на огнот со договор што ги „реализира барањата на нашиот народ“.

Ханије, лидерот на политичкото крило на милитантната група, им кажа на египетските и катарските посредници во четвртокот дека Хамас го проучува последниот предлог од Израел во „позитивен дух“.

ОН вчера објави извештај кој процени дека може да бидат потребни 80 години за да се реконструираат сите домови срамнети со земја во текот на речиси седуммесечната војна.

„Размерот на уништувањето е огромен и без преседан... ова е мисија со која глобалната заедница не се занимавала од Втората светска војна“, рече Абдала ал-Дардари, регионален директор на ОН за арапски држави на брифингот во Јордан.

Проценката е дека нанесената социоекономска цена ќе ги чини генерации Палестинци кои доаѓаат, и повика на итен прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG