Линкови за пристапност

Хамас ја ослободи Наама Леви, Израелката со македонско потекло


Хамас ја ослободи Наама Леви, Израелката со македонско потекло
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:33 0:00

Наама Леви, 20-годишната Израелка со далечно македонско потекло, денеска беше ослободена од заложништво на Хамас. Таа е една од четирите заложнички, припаднички на Израелската армија, кои беа ослободени во мировниот процес за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас.

Наама Леви, 20-годишната Израелка со далечно македонско потекло, денеска (25 јануари) беше ослободена од заложништво на Хамас. Таа е една од четирите заложнички, припаднички на Израелската армија, кои беа ослободени во мировниот процес за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас. Тие беа киднапирани за време на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Наама Леви, како и другите заложнички, биле пренесени со хеликоптер на израелската армија, при што први со нив се сретнале нивните родители и најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви на табла, на англиски и на хебрејски јазик напиша: „Конечно дома“.

Како што објавивме во неколку наврати претходно, македонската врска на Леви е нејзината чукун баба, Грасиа Бивас. Таа била родена во Македонија во 1893 година, во семејство на Хаим и Сара Бивас. Бабата, како девојче, околу 1900та година, заминала во Израел каде што низ годините основала семејство. Девојката Наама Леви е една од нејзините потомци.

Ослободувањето на израелските заложнички е дел од кревкиот мировен договор меѓу Израел и Хамас. За возврат Израел денеска ослободил 200 палестински затвореници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG