Линкови за пристапност

Хегел во Каиро


Американскиот секретар за одбрана ќе има разговори за одбранбените врски меѓу двете држави, како и за египетската транзиција по соборувањето на Хосни Мубарак во 2011.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хегел се среќава со египетски официјални лица во среда во Каиро, во рамки на неговото прво патување на Блискиот исток како шеф на Пентагон.

Хегел треба да разговара со египетскиот министер за одбрана Абдел Фатах ал-Сиси и со претседателот Мохамед Морси.

Планирано е разговорите да се однесуваат на одбранбените врски меѓу двете држави, како и на египетската транзиција по соборувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак во 2011.

Хегел во вторник кажа дека сојузниците треба да останат поблиски од секогаш во време кога предизвиците на Блискиот исток стануваат покомплицирани.

Ова тој го кажа по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на првото застанување на неговото патување.

Патувањето доаѓа по соопштението на американската влада дека ќе дозволи продажба на 10 милијарди долари вредна продажба на американско оружје на Израел, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
XS
SM
MD
LG