Линкови за пристапност

Големи протести во Атина


Илјадници Грци маршираа против можниот компромис со Македонија околу спорот за името

Во Атина вчера на улиците излегоа стотици илјади демонстранти во знак на протест поради можниот компромис меѓу Грција и Македонија за долготрајниот спор околу името.

Полицијата проценува дека биле присутни околу 140.000 лица, додека организаторите на маршот тврдат дека учествувале околу 1,5 милиони лица од Грција и грчката дијаспора кои ја повикале Владата да не преговара за договор во врска со официјалното име на соседната држава.

Грција и Македонија водат спор кој да го користи името од осамостојувањето на Македонија во 1991-ва година.

Поради проблемот, Грција ги блокираше напорите на Македонија за пристап до Европската Унија и НАТО.

Но, левичарскиот премиер Алексис Ципрас е отворен за постигнување компромис во преговорите во врска со 27-годишниот спор, предизвикувајќи протести во двете држави.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG