Линкови за пристапност

Со или без референдум ќе се решава прашањето за името?


Со или без референдум ќе се решава прашањето за името?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Ставот на СДСМ е да се изнајде решение заедно со опозицијата и на крајот конечното решение да биде потврдено на референдум, рече премиерот Заев

Една од клучните недели за прашањето за името во наредните денови е посетата на медијаторот кој треба непосредно да ги слушне коменатрите на двете страни за неговиот сет идеи. Деталите од тоа што ќе му биде кажано на Метју Нимиц не се обелоденуваат. Политичката елита, која пред два дена се координираше, смета дека е можен национален консензус за решавање, а не за блокирање на спорот. Премиерот Зоран Заев денеска само навести, дека во разговорите со посредникот ќе се пренесат македонските ставови со сите аргументации во кои, како што рече, има грижа и за грчката страна, бидејќи евентуалното решение треба да помине и во Грција.

„Сите треба да знаеме дека можеме да го решиме проблемот, но може и да не се реши. После тоа сонцето повторно ќе изгрее, но дали ќе не грее и дали нашите деца ќе продолжи да ги грее некаде по белиот свет e одлука на политичарите. Секако власта ја има најголемата одговорност, но убеден сум дека и претседателот на државата и опозицијата и сите политички чинители во општеството ќе бидат мудри да изнајдеме решение“, рече македонскиот премиер.

Референдум за можното решение беше другото прашање за Заев – „ставот на СДСМ е да се изнајде решение заедно со опозицијата и на крајот конечното решение да биде потврдено на референдум“, одговори премиерот. Но, за оваа тема, засега има спротивставени мислења во самата влада. ДУИ не е за референдум.

„Во Владата постојат два различни става на коалициските партнери – СДСМ е на став дека треба да има референдум, а ДУИ дека референдум не е потребен и затоа низ овој процес на консултации меѓу политичките партии треба да најдеме и да изградиме заеднички пристап“, рече вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.

За процесот и очекувањата за брзо решение денеска се зборувало и во Брисел. За ова прашање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ разговарал со еврокомесарот за проширување на кого му пренел што се дискутирало на саботната координација.

„Го видовме предлогот што Нимиц го достави до преговарачите, кој повеќе или помалку ѝ е познат на јавноста. Но, исто така потенциравме дека остануваме на патеката за што е можно побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО“, му порачал Христијан Мицкоски на Јоханес Хан.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG