Линкови за пристапност

Договорот од Преспа ќе го олесни користењето на пристаништето во Солун


Договорот од Преспа отвара перспективи за македонскиот бизнис
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:27 0:00

Големината на пристаништето нуди добра перспектива за домашниот бизнис, велат македонските бизнисмени

Имаме чувство како Европа да се отвори за нашите производи, изјави Павел Попоски, сопственик на компанија за производство на челични производи, коментирајќи ги досегашните бенефити од Преспанскиот договор.

„Почна да се зголемува повеќекратно и побарувачката и заинтересираноста на европските компании за нашиот производ“, рече Попоски во интервју за Гласот на Америка.

Тој очекува дека Договорот ќе отвори поголеми можности и за користење на пристаништето во Солун, како идеално за македонската економија и бизнис, поради близината и добрата патна инфраструктура која води до таму.

Долги години преку Солун извезува производи во повеќе европски држави, бидејќи вели дека превозот со брод е многу поевтин и побезбеден.

„Компаниите беа скептични во претходниот период за користење на пристаништето во Солун, бидејќи извозот преку Грција се одвиваше со долго чекање на граничниот премин. Со овој договор, кој го потпишаа двете Влади, процесот ќе се забрза и многу компании ќе се решат за овој превоз“, вели тој.

И бизнисменот Мевмед Џемаилоски вели дека големината на ова пристаниште нуди добра перспектива за домашниот бизнис.

„Многу е важно и да увезуваме и да извезуваме преку пристаништето во Солун. Инфраструктурно сме многу добро поврзани. И патната и железничката инфраструктура се добри, и тоа е основа не само за развој за нас како компанија туку и за цела држава“, рече Џемаилоски.

Пристаништето во Солун е стратешки важно за државата, бидејќи се користи за увоз на производи од Кина и од другите прекуокеански држави.

Но, на долг рок не е добро да зависиме само од него, смета пофесорот по економија Анастас Џуроски.

„Во регионот имаме и други пристаништа, иако во тој дел не можеме премногу работи да направиме, бидејќи треба да се направат значителни инвестиции во автопатиштата. Тоа нема да се случи на краток рок“, вели Џуроски.

Неодамна, и од грчка страна дојде информација дека со Договорот од Преспа се отвораат можности за соработка со пристаништето во Солун.

Бизнис секторот смета дека во целост треба повторно да биде ставено во функција и железничкото поврзување со јужниот сосед.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG