Линкови за пристапност

Јоргос Папандреу повика на намалување на каматните стапи за враќање на долговите


Јоргос Папандреу повика на намалување на каматните стапи за враќање на долговите
Јоргос Папандреу повика на намалување на каматните стапи за враќање на долговите

Премиерот Јоргос Папандреу на европските пратеници во Брисел им порача дека Грција не може да го спроведе планот за излез од финансиската криза, ако ЕУ не помогне со намалување на каматните стапки за позајмените пари

Грчкиот премиер предупреди дека неговата земја нема да може да ги плати долговите, доколку не добие поголема помош од ЕУ.

Премиерот Јоргос Папандреу на европските пратеници во Брисел им порача дека Грција не може да го спроведе планот за излез од финансиската криза, ако ЕУ не помогне со намалување на каматните стапки за позајмените пари.

Тој ги повика членките на ЕУ да презентираат пакет за финансиска помош на Самитот кој е закажан следната недела. Тој рече дека Грција не бара финансиска помош, но дека без гаранции за намалување на каматните стапки, Грција ќе биде принудена да се обрати за поддршка до Меѓународниот монетарен фонд со седиште во Вашингтон.

Владата на Папандреу веќе имплементираше серија мерки за штедење, вклучувајќи зголемување на даноците и замрзнување на платите за владините работници.

XS
SM
MD
LG