Линкови за пристапност

Евро-зоната се договори како да и` помогне на Грција


Евро-зоната се договори како да и` помогне на Грција
Евро-зоната се договори како да и` помогне на Грција

Шефот на евро-зоната Жан Клод Јункер рече дека чека на лидерите од сите 27 членки на ЕУ да го одобрат планот, пред да даде повеќе информации

Министрите за финансии на земјите од евро-зоната се согласија на, како што наведоа, „координирана акција“ со цел да и` помогнат на Грција во економските проблеми доколку такво нешто биде потребно. Не беа соопштени други детали за средбата во Брисел понеделникот меѓу претставниците на 16 држави кои го користат еврото како своја валута.

Шефот на евро-зоната Жан Клод Јункер рече дека чека на лидерите од сите 27 членки на ЕУ да го одобрат планот, пред да даде повеќе информации.

Јункер кажа дека министрите ја исклучиле можноста за давање гаранции за заем на Грција, што значи дека ЕУ нема да поддржи каков и да е билатерален заем меѓу членка на Унијата и Атина. Тој додаде дека министрите сакаат да ја охрабрат Грција да го врати позајменото на меѓународните пазари што е можно побрзо. Јункер потенцираше дека Грција не побарала помош и смета дека нема да има потреба од пакет за спас.

XS
SM
MD
LG