Линкови за пристапност

Алармантен говор на омраза на политичката сцена во Македонија


Алармантен говор на омраза на политичката сцена во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Алармантен говор на омраза на политичката сцена во Македонија

Американскиот Стејт департмент и Европската комисија деновиве упатија речиси иста порака и загриженост за како што велат потпалувачката и негативна реторика во Македонија од страна на некои политички лидери. Вашингтон дури повика да се престане и со неоснованите напади и да ги почитуваат демократските процеси. Ова доаѓа пред се по изјавата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски кој јавно ги повика странските амбасадори во Македонија да престанат да се мешаат во внатрешните работи на државата.

Деновиве и социјалните мрежи се преплавени со говор на омраза. Од Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека она што загрижува е што истите многу често се поврзани и со актуелните политички случувања во државата:

„За жал состојбите во Македонија покажуваат дека говорот на омраза се употребува пречесто меѓутоа релевантните државни институции кои се надлежни да се борат со него односно да го казнуваат се неми за говорот на омраза. Ние имаме забележано дека има многу малку постапки кои се водат пред јавните обвинителства и пред домашните судови точно за говорот на омраза кој е кривично дело и е неопходно да се гони и да се казнува“, кажа Елена Брмбевска.

Говорот на омраза на социјалните мрежи е потешко да се утврди поради анонимноста на некои од корисниците, вели Димче Каневчев, претседател на Младински совет Охрид:

„Она што е алармантно и е многу важно е што не се препознава говорот на омраза. Министерствата за внатрешни работи, Центри за социјални работи во моментот немаат во моментот лица кои работат на таа проблематика и немаат таков оддел. Во тие институции има уште што многу да се работи“.

Билјана Илиевска од подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Битола вели дека причина за секојдневното проширување на говорот на омраза е што истиот не се препознава или не се сака да се препознае од страна на институциите во системот:

„Во последно време особено во последните денови е се поприсутен говорот на омраза по основ на политичка определеност или убедување. За Народниот правобранител е време да се преземат конкретни мерки. Најпрво да се обучат вработените во институциите да го препознаат говорот на омраза. Судството конечно да донесува судски пресуди за говорот на омраза“, вели Илиевска.

Од Народниот правобранител сметаат дека е време во кривичниот законик да се воведе посебно кривично дело говор на омраза. Во Охрид деновиве се одржа конференција на која меѓу другото се зборуваше и за оваа тема.

XS
SM
MD
LG