Линкови за пристапност

Западниот Балкан последен бран од проширувањето на ЕУ


Иднината на односите Вашингтон-Брисел
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00

На настан во Германскиот маршалов фонд во Вашингтон се дискусутираше за порастот на политичкиот популизам и иднината на сојузништво САД - Европа

Авторот на новата книга „Скршен континент: Европската криза и иднината на Западот“ Вилијам Дроздиак тврди дека европските процеси на интеграција како што беа создавањето на еврото, создавањето на Шенген зоната и проширувањето на Унијата кон исток создале услови за неколку паралелни кризи, како што беа финансиската и бегалската и излегувањето на Велика Британија од Унијата:

„2018 ќе биде критична година затоа што останува под знак прашање дали Германија ќе биде во можност да покаже лидерство и дали позицијата на Меркел како канцеларка ќе остане силна.“

Дроздиак вели дека 12 американски претседатели како основа на надворешната политика ги имале односите со Европа. Но, со сегашната администрација во Вашингтон постои опасност за стратешките односи на САД и Брисел:

„Се плашам дека тоа оддалечување се случува побрзо отколку што претпоставуваме. Не само во однос на разликите околу признавањето на Ерусалим како главен град на Израел или за Нуклеарниот договор со Иран, туку во прашање е самата доверба меѓу партнерите.“

На прашањето на Гласот на Америка, каква е иднината на проширувањето на Унијата, имајќи ги предвид сегашните кризи, Дроздиак вели:

„Ако има нов бран на проширување на ЕУ, тоа би било последно проширување, и тоа би било кон Западниот Балкан. Јункер всушност кажа дека проширувањето треба да се стопира, откако ќе бидат примени државите од поранешна Југославија. Јас мислам дека Европа има многу поголеми проблеми во моментот, така што проширувањето во секоја форма е далеку од реалноста.“

XS
SM
MD
LG