Линкови за пристапност

„Западната диета“ популарна, но неповолна за климатските промени


Нова студија предупредува на потешкотии во промена на навиките кај луѓето.

Се проценува дека до 2050-та година глобалното население ќе се зголеми на преку девет милијарди жители. Со овој тренд, расте и побарувачката на храна. Побарувачката на месо се зголемува особено брзо во многу од економии во подем. Западната диета стана тренд во овие земји.

Многу студии предупредија дека Западната диета, што се карактеризира со маснотии, шеќер и сол, поттикнува повеќе непреносливи болести, како кардиоваскуларните, дијабетесот, ракот и прекумерната тежина.

Ко-авторот на студијата Крис Гилиган е професор по математичка биологија на Универзитетот Кембриџ.

„Тоа ќе биде еден од најголемите проблеми во иднина. Ќе има големи последици на заштитата на биодиверзитетот, но и за користење на земјиштето за други цели. Како се организираме, за енергетските залихи и како ја користиме водата. Како да најдеме доволна површина на земјиште за одгледување на пченка на пример, што потоа се користи да се нахрани добитокот, како и места каде тој ќе се одгледува“, вели Гилиган.

Според студијата, поголема површина на земјиште за производство на храна, значи „повисока цена“. Сечењето на шумите, на пример, можно е да резултира во поголемо испуштање на јаглерод диоксид.

Гилиган додава дека поголемо производство на храна воедно ќе резултира и во поголемо испуштање на метан во атмосферата.

Според оваа студија, се` поинтензивното сечење на шумите, користењето на вештачкото ѓубриво и метанот од добитокот, при производството на храна, би довело до зголемување на испуштањето на штетните гасови со ефект на стаклена градина за речиси 80 проценти.

Гилиган уште вели дека исхраната што ја избираат луѓето, е главниот двигател на испуштањето на споментатите штетни гасови.

„За многумина, месото звучи возбудливо, различно, може да експериментирате подготвувајќи го, исто како и со зеленчукот. Сепак, луѓето повеќе избираат да јадат месо“, смета овој експерт.

Во студијата стои и дека производството на храна е главна причина за недостаток на биодиверзитет и загадување на животната средина.

Професорот од Кембриџ наведува дека намалувањето на испуштањето на штетните гасови може да значи убедување на луѓето да го сменат начинот на исхрана, но додава дека тоа нема да биде лесно.

Можно е притоа да се јават економски аспекти, како воведување на данок за јаглерод диоксид, како казнена мерка, што можеби ќе биде потребна. Но, она што се претпочита е промена на однесувањето. Затоа фокусот е на публицитетот за тоа кои се предностите по здравјето доколку не се почитуваат одредени мерки.

Воедно, ќе биде потребно време и за намалувањето на отпадоците додека трае производството на храна, вели тој.

Програмата на ОН за животна средина проценува дека една третина од храната наменета за човечко конзумирање годишно, се губи или се фрла. Тоа е околу 1,3 милијарди тони храна што никој не ја јаде. Од ОН велат дека само во САД, се фрлаат 30 проценти од сета храна.

Во студијата стои дека Западната диета се карактеризира со „обемно конзумирање на храна“. Научниците претставија со, како што ја нарекоа, „просечна“ балансирана диета, што не имала голем притисок спрема животната средина. Вклучува „две порции на црвено месо од 85 грама и пет јајца годишно“ заедно со дневната порција на живина.

Велат, поентата не е да се биде вегетаријанец, туку да се јаде разумно, истовремено заштитувајќи ја животната средина.

XS
SM
MD
LG