Ешли разговара со нејзините колеги преку видео-врска. Но, наместо да биде пред компјутерски екран, таа тоа да го прави од својата софа, во удобна положба.
Видео-врската може да се направи преку телевизор.
Алтката што тоа го овозможува е „Уми Телепресентс“ на Сиско, американската телекомуникациона компанија. Таа оперира како видео-алатка за комуницирање на Скајп или Гугл, но со таа разлика што може да се користи преку домашниот телевизор со висока резолуција.
Потпретседателот на Сиско Кен Вирт се надева оти новиот продукт ќе ги зближи луѓето од различни места. Сепак, корисниците ќе треба да имаат телевизор со висока резолуција на кабелски Интернет. Почетната цена е 599 долари, со месечна претплата од околу 25 долари за неограничени разговори, видео-пораки и... многу други визуелни доживувања.