Во говор пред парламентот во понеделник, Јусуф Раза Гилани таквите наводи ги нарече апсурдни. Тој рече дека е „неискрено“ за кого било да тврди дека пакистанските власти, вклучувајќи ја и шпионската агенција на државата, биле на иста линија со ал-Каида.
Премиерот Гилани предупреди против унилатерална акција на пакистанска почва, во исто време велејќи дека американско-пакистанските односи се силни. Тој рече дека американско-пакистанското партнерство служи на обостран интерес е дека е заснован на почит и доверба.
Гилани наредил истрага за тоа како бин Ладен можел да се крие во Пакистан. За смртта на лидерот ал-Каида тој рече дека е „соодветна правда“.