Претседателот Доналд Трамп ја засили неговата критика за германската канцеларка Ангела Меркел, велејќи дека нејзината имиграциона политика е катастрофална за Европа.
„Ангела беше ѕвезда додека да дозволи милиони луѓе да влезат во Германија“, рече Трамп во интервју за телевизијата „Фокс њуз“.
Неговите забелешки доаѓаат по неговата посета на Европа минатата недела, критикувајќи ја Германија за зависност од евтина руска енергија, додека очекува од Америка да продолжи да ја штити Европа.
Неговите коментари предизвикаа зголемена загриженост во Европа, но, не низ цела Европа. Некои германски соседи го поддржуваат во неговите критики.
Германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас изјави дека Германија „повеќе не може да се потпре на Белата куќа“.
Британскиот критичар Даниел Џонсон вели дека тој не претставува закана само за Аталантската алијанса, туку и за Западот воопшто.
Сепак, постои поддршка меѓу државите во централна Европа, од страна на таканаречените популистички националисти, кои ги имаат истите забелешки за германската политика.
Некои дипломати велат дека зголемувањето на разликата меѓу Германија и нејзините соседи, е исто толку сериозно како проблемот меѓу Европа и Трамп.
Германски официјални лица и аналитичари велат дека отсекогаш очекувале дека Трамп и Меркел никогаш нема да бидат блиски - таа е дисциплинирана и трпелива, поддржува постојаност и предвидливост, и е јасно фрустрирана од непочитувањето на Трамп на дипломатските детали.
Откривањето на популистичкиот предизвик во Европа наиде на отворена поддршка од администрацијата на Трамп, како што е претседателската честа критика за миграционите политики фаворизирани од канцеларката Меркел и Брисел, до назначувањето на американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел, кој рече дека неговата мисија е охрабрувачка за популистите во Европа и за политичките групи, кои се во согласност со Вашингтон.
Facebook Forum